| четврток, 6 декември 2018 |

Потстанари од Куманово со нож ги нападнале газдите

A youth brandishing a knife in the street, UK 2007

Двајца браќа, 50-годишниот И.Д. и 44-годишниот Х.Д. од Куманово, кои живеат како подстанари кај нивниот 40-годишен Н.Д. сограѓанин, вчераутро почнале расправија со него бидејќи немале струја во собата каде што престојуваат.

Едниот од браќата со нож на расклопување му нанел на сопственикот убодна рана во пределот на градниот кош, а на неговата сопруга М.Р. расекотина на левата рака, по што двајцата избегале.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово, а повредените се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top