| четврток, 6 декември 2018 |

Заев крие што договара со Софија, на Таки Фити не му пречи нетранспарентноста (видео)

На претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити, не му пречи што национална научно-творечка установа не е информирана за битните прашања кои се од интерес на државата. Според него не гледа никаков проблем што тие не знаат што содржат договорите од кои се засегнати територијалноста, јазикот и националноста. За професорот не е важно што тие не знаат што содржи Тиранската платформа, а ниту пак Договорот со Бугарија.

Зоран Заев не дава отворени информации, немаме транспаретност во тие процеси, слично беше и со платформата. Се бараше ма ну да се изјасни, ние рековме ќе се изјасниме во оној момент кога то а ќе се обелодени. Сега ќе дојде во Собрание Законот за употреба на албански јазик. Ние тогаш кажавме дека МАНУ нема да прифати ништо што е надвор од уставот и законите во Република Македонија. Истото го велиме и сега. Се разбира, МАНУ, која има и законска обврска да бдее над националните интереси, да ги негува и развива, нема да остане индиферентна. Вчера премиерот не кажа ништо посебно – вели Таки Фити.

Тој не знае зошто луѓето сметаат дека МАНУ треба да биде информирана.

Политички партии и субјекти бараат МАНУ да се изјасни за нешто да се преговара и договара, а МАНУ не поседува такви информации, што дефакто е преговарано, кои се деталите на тие договори. И не знам зошто луѓето сметаат дека МАНУ треба да ги има тие податоци – коментира Фити.

На прашањето дали не смета дека МАНУ треба да ги има тие податоци, со оглед дека се работи за атрибути што ја дефинираат државата – територија, јазик, народ, тој вели:

-Овој тип на одлуки се политички одлуки. Ако МАНУ биде информирана апсолутно со задоволство ќе се вклучиме и ќе помогнеме во таа стуација. Но не можеме да ги добиеме тие информации. Но ако Владата доброволно не се посоветува со нас и претходно не ни ги даде ние тука ништо не можеме да направиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top