| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС не е реформска, туку антиреформска

Владата на СДС си поигрува и ги потценува граѓаните наместо да работи на исполнување на ветувањата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС ветуваше раст на економијата од 5 до 7% на годишно ниво, но владата на Зоран Заев сега смета дека може да оствари раст од само 2,2% или 0,8% процентни поени помалку од растот што го проектираше ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се цели 25% помалку. За да се оствари растот треба работа, визија и знаење, а не блокади, укинувања и најави за уривање, стои во соопштението.

СДС, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ, најавуваше зголемување на капиталните инвестиции, а сега владата на Зоран Заев со предложениот ребаланс истите ги скрати за 3 милијарди денари. Тоа се цели 50 милиони евра помалку за капитални инвестиции од проекциите кои ги имаше владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ова се потврдува дека владата на СДС не е реформска, туку антиреформска. За овие месец дена единствено што и успева на владата на Зоран Заев е полнење на државните институции со членови на СДС и некомпетентни и неискусни кадри на Сорос. СДС и Заев единствено што знаат и умеат е деструкција, криза и евтин политички популизам од кои нема полза ниту државата, ниту граѓаните – се вели во соопштението испратено до медиумите.

СДС, се додава во партиското соопштение, треба да се фатат за работа, бидејќи граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари. Пензионерите очекуваат повисоки пензии, а докторите плати од 100.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top