Вооружен инцидент го потресе Осло. Млад маж отворил оган од пиштол во преполн ноќен клуб при што ранил четворица од гостите. Засега не се откриваат причините за нападот, ниту дали во престрелката учествувале повеќемина вооружени лица. Полицијата во Осло потврди дека напаѓачат е приведен.
Исто така се говори дека и напаѓачот бил повреден, но се уште не се знае точно дали тоа е резултат на интервенцијата на полицијата и дали воопшто има елементи на тероризам.
Што се однесува до повредените лица сите биле веднаш префрлени во болница, но никој не се наоѓа во животно загрозувачка состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.