За само 50 секунди, со помош на обични древни скали, на 12 февруари пред 20 години тогаш непознат крадец од Националната галерија во Осло го однесе делото „Крик” на Едвард Мунк, едно од најславните и денеска најскапите уметнички со што стана една од најпознатите грабежи на уметнички дела на сите времиња. Во 6.30 часот тој 12 февруари 1994 година во сабота наутро, крадецот сосема мирно ги потпрел скалите на зградата на музејот во строгиот центар на норвешката престолнина, се искачил до прозорецот од галеријата, ја пресекол жицата на која висела сликата и за помалку од минута исчезнал со најпознатото дел на норвешкиот експресионист и едно од најславните уметнички дела на светот. Бидејќи била сабота, зградата немала обезбедување ниту била под полициски надзор бидејќи тогаш сите полициски сили што биле на располагање биле распоредени на обезбедувањето на отворањето на Зимските олимписки игри во Лилехамер. Двајца полицајци половина час подоцна сосема случајно поминувајќи покрај музејот ги забележале скалите крај отворениот прозорец и ја известиле службата за безбедност ан Националната галерија, која потоа ја открила кражбата. Тогашниот директор на галеријата, Кнут Берг, подоцна изјавил дека гангстерот го активирал алармот, но знаел дека нема обезбедување, дури и оставил порака: „Благодарам на слабото обезбедување“.
Сликата насликана во 1893 година, најпознатата од вкупно четирите верзии на композицијата, која прикажува ужасната, помалку изобличена демонска фигура како стои на мост со крвавоцрвено небо во заднината, беше пронајдена неколку месеци подоцна во хотел во Аасгардстранд, јужно од Осло.
– Одев по патот со пријателите. Сонцето заоѓаше. Небото стана крававоцрвено. Ме обзеде депресија. Стоев смртно вкочанет во заднината на темносиното. Фјордот и градот вивнаа во огнени јазици. Се иставив од пријателите. Треперејќи од страв, го слушав крикот на природата – се зборовите врежани на рамката од една од верзиите на сликата, лично од Мунк.
Една верзија на „Крик“, една од четирите насликани од Мунк, никогаш не била понудена на продажба и никогаш не беше изложена во јавноста. Другите три што му припаѓаат на норвешкиот музеј беа украдени двапати, но секогаш беа враќани без да бидат оштетени.
Крадецот, Пал Енгер, подоцна во едно интервју за медиуми призна дека грабежот го планирал цели четири години.
– Не ме мотивираа парите, туку предизвикот – рекол. Сликата ја сокрил во масата на која неговите чичковци и мајка му секоја вечер пиеле кафе и јаделе колачи. Во признанието открил дека особено го забавувала помислата дека додека полицијата ја пребарува целата земја, неговото семејство се дружи врз славната слика.
Десет години подоцна, среде бел дена и пред очите на посетителите на Галеријата на Мунк во Осло беше украдена и друга, поголема верзија на сликата, заедно со уште едно дело од норвешкиот експресионист. Тројца маскирани крадци на 22 август 2004 година во работно време упаднале во музејот и под закана со пиштоли ги грабнале „Крик“ и „Мадона“ и исчезнале за само половина минута.
Делата беа вратени во 2006 година, откако еден од крадците признал во замена за намалување на затворската казна, откако се покажало дека не е возможно сликите да бидат продадени. Биле сериозно оштетени, а инспираторот на кражбата Бјорн Хоен и неговите соучесници Петер Таралдсен и Стинс Скјолд се осудени меѓу шест и 10,5 години затвор.
Стручњаците ја истакнуваат уметничката вредност на верзијата од Националниот музеј на уметност, архитектура и дизајн и двете што се чуваат во Музејот на Мунк во Осло. Неговото творештво проткаено со чувство на болка се сметало за „дегенерирано” во нацистичка Германија, откако Адолф Хитлер дошол на власт и било забрането. Бизнисменот Петер Олсен, како пријател и поддржувач на Мунк, ги купил неговите платна од Германија и ги спасил од уништување.
Пастелот „Крик“ на насловните страници се најде повторно во мај 2012 година, кога на една аукција беше продадена една од четирите верзии, таа што дотогаш беше во приватната колекција на норвешкиот милијардер Петер Олсен, чијшто татко бил пријател на уметникот. Сликата насликана во 1895 година постигна вкупна цена од 130 милиони долари и е меѓу десетте најскапи уметнички дела на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.