| четврток, 6 декември 2018 |

Центарот на Осло ќе се претвори во пешачка зона

Осло, главниот град на Норвешка, ќе започне проект со кој до 2019 се забранува движење на возила во центарот на градот, а тој дел ќе биде претворен во пешачка зона. Ова е со цел да се намали емисијата на штетни гасови.

Работничката партија со своите сојузници – Социјалистичката и Зелената партија, на 14 септември ги освоија локалните избори во Осло, и ја претставиле платформата која е фокусирана на заштита на природното опкружување и на борбата против климатските промени. Со проектот ќе биде забрането користење на приватни возила во центарот на градот каде што живеат околу 1.000, а работат 90.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top