| четврток, 6 декември 2018 |

Според бугарскиот европратеник Ковачев, со договорот со Заев ќе се водело сметка и за младите Бугари во Македонија

Бугарскиот европратеник Ковачев е восхитен од договорот за добрососедство и воопшто не се сомнева дека ќе биде потпишан. Всушност и тој потврдува дека не станува збор за признавање на македонскиот јазик, а уште повеќе се надева дека со договорот за добрососедство ќе се овозможи отворање и на бугарски кина и театри во Македонија. „Освен на постарите мора да мислиме и на младите генерации Бугари во Македонија“ вели тој.
-Се зборува дека сме го признале македонскиот јазик. Ќе повторам уште еднаш, не сме. – вели тој во тв интервју посветено на договорот кој е најавен за потпишување, а кој власта го крие од македонската јавност.
Ковачев потоа зборува за бугарскиот интерес, па вели дека не треба да се зборува само за воено- историско наследство, културното наследство, спомениците, па се надоврзува со нелегално поставената спомен- плоча која што беше срушена од група Македонци.

-Но многу поважно е младите поколенија да имаат близок однос кон Бугарија, да го негуваат бугарскиот јазик, медиумите да учествуваат со телевизии таму. Да има бугарско кино, театар, култура кои ќе бидат отворена и кон младите поколенија на Бугарија – анализира Ковачев.
Всушност и Ковачев како и Божидар Димитров и цела низа бугарски јавни претставници нагласуваат дека тоа што очекуваат од договорот е создавање на „втора бугарска држава“ од Македонија, каде децата ќе учат за бугарската историја во која Македонците се „народ создаден од коминтерната по втората светска војна“.

Тоа што пак за нив е сигурно е дека Заев ќе го потпише договорот и нема да се повлече од него иако Заев од собранието најави одложување и можност тоа да не се случи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top