| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Димитров кога оди во Софија се чувствува како дома (Видео)

Александар Пандов, поранешен пратеник, а денес аналитичар на политичките случувања, во своето гостување во емисијата Анализа на ТВ Нова говореше за времето кога активно во извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ членувал со татко му на Никола Димитров Димитар Димитров.

Тој упати апел до новинарите во Македонија да стапат во контакт со таткото на министерот за надворешни работи и да го прашаат за етногенезата на македонскиот народ. Односно да побараат Димитар Димитров да одговори како тој се чуствува дали како Македонец или Бугарин. Поради бугарофилството на неговиот татко, Пандов заклучува дека Никола Димитров кога оди во Софија се чувствува како дома и дека попријатен му е амбиентот и луѓето во Софија отколку во Скопје.

Инаку таткото на Никола Димитров е познат по своите бугарофилски ставови и непризнавањето на македонската нација како посебна од бугарската. Од таму е логично е и прашањето во јавноста, дали новиот министер за надворешни работи ги застапува македонските или бугарските национални интереси?

Дополнително, нетранспарентноста на Владата во однос на договорот кој Македонија треба да го потпише со Бугарија влева страв кај народот дека договорот е штетен по интересите на нашата држава. Ветената транспарентност и дебата за важните прашања останува ветување кое новата влада допрва треба да го исполни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top