Лина Ѓорческа стигна до финалето на ИТФ фјучрс турнирот во Денаин, откако денес ја победи домашната тенисерка, Манон Арканжиоли (6-3, 6-4).
Македонската тенисерка на патот до завршниот меч не загуби ниту еден сет и покажа одлична игра. Денешното полуфинале беше уште една рутинска претстава за нашата претставничка, која ја доби борбата на брејкови и со убедливи 2-0 ја елиминираше Французинката
Во финалето, 22-годишната Ѓорческа ќе ги одмери силите со подобрата од дуелот Мари Осака од Јапонија и Валентина Иваненко од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.