Има уште време додека проектот Очила на Гугл ќе се најде во масовна продажба. Целиот проектот треба да биде комплетно вградување на смартфон во рамката за очила. Затоа една од предноста даа се биде основач на компанија како Гугл е предвремен пристап до иновативните нови производи., особено ако ја имате личен удел во развојот на тие производи. Иако Очилата се уште во развојна фаза, Сергеј Брин не се срами да ги носи насекаде, па и на телевизија. Или како што неодамна е забележан, во њујоршкото метро.
Всушност, многумина од компанијата го користат њујоршкото метро за секојдневен превоз, напишал њујорчанецот кој што го препознал и фотографирал Брин. Тој вели дека секојдневно ги препознава по чудесните алатки со кои се користат додека се возат.
Интересно е што ниту на фотографијата, а и според напишаното на твитер профилот на објавувачот на фотографијата, никој во метрото не се заинтересирал за „чудните очила“. Очигледно е дека не биле запознати со нивната вредност, бидејќи команијата на последната годишна средбата на иноваторите ги продавала очилата од експерименталната едиција „Google Glass Explorer Edition“ за по 1500 долари парче. Но за изненадување и поздравување е што Брин чие што богатство се проценува на 17 милијарди долари продолжил да го користи јавниот превоз. Доколку не е само маркетиншки потфат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


