На денешен ден пред три години се случи едно од најголемите фудбалски чуда во историјата на Светските фудбалски првенство. Во полуфиналето на Мундијалот во Бразил, Германија го декласира петкратниот светски првак на домашен терен со 1-7 (0-5).
Дуелот во Бело Хоризонте ќе остане запишан како најголем можен срам на големата фудбалска сила водена од Луис Фелипе Сколари. Стрелци на головите за подоцна светскиот првак Германија беа Крос и Шурле со по два гола и Клосе, Кедира и Милер успешно стрелаа по еднаш. Оскар го постигна единствениот гол за Бразил.
62.547 гледачи со солзи во очите го дочекаа поразот, Бразил подоцна го загуби и мечот за третото место од Холандија, а Сколари по Светското првенство беше сменет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)