| четврток, 6 декември 2018 |

Крушата под круша паѓа, синот на Роналдо е бразилски репрезентативец

Легендарниот Роналдо Луис Назарио де Лима сигурно може да биде горд. Неговото семејство, се чини, ќе биде побогато за уште еден врвен фудбалер.

Синот на Роналдо, Роналд Назарио де Лима е повикан во јуниорската репрезентација на Бразил со која ќе настапи на Макабиските игри, голем спортски настан кој се одржува на секои четири години во Израел.

Роналдо сениор очекувано горд на својот син, на Твитер профилот објави фотографија на селекцијата до 18 години на Бразил на која е и неговиот син со напис:

– Ова е тимот на Бразил кој треба да носи многу успеси во иднина. Посебно е чувството кога го имате и својот син во таа екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top