| четврток, 6 декември 2018 |

Шлагот на тортата Милан го чува за крај!

Италијански Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот ова лето. „Росонерите“ досега доведоа седум нови фудбалери, а се чини дека тука нема да застанат.

Сега, калчолигашот се насочил кон габонскиот напаѓач и најдобар стрелец во изминатата сезона во Бундес лигата, Пјер-Емерик Обамејанг. Понудата гласи 80 милиони евра, што ќе биде рекордна сума, која Милан ја платил за еден фудбалер.

Тоа ќе биде исправање на грешката од 2012 година, кога италијанската екипа го испрати Обамејанг во Сент-Етјен за само 1,8 милиони. Договорот за Габонецот ќе го направи најплатен фудбалер во Серија А со годишна плата од осум милиони евра.

Како потсетување, во Милано досега се преселија – Андре Силва (35 милиони), Чакханоглу (22 милиони + бонуси), Андреа Конти (24 милиони + бонуси), Мусачио (18 милиони), Рикардо Родригез (18 милиони), Френк Кеси (28 милиони) и Фабио Борини (6 милиони).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top