| четврток, 6 декември 2018 |

Јоци: Жеки се надевам ревизија ќе ни каже што точно си правел со наши пари

„ФОКУС“, веќе трет број му вади тендерски афери на Жеки. И поврзаност со В.Мијалков. Тоа е оној ист Жеки, кој ќе ги тужи. Највмровски, “из неба па у ребра”. Чек..он не беше ВМРО !?! Не му се свиѓале текстовите на младиќов. Беше навикнат да се чита во неделников само во позитивно светло, а Офелија да му пишува супер романтични писанија за кошулките и вратоврските, па после ете, ни го вработи девојчето во Општина. Таму нешто…за образование ли, кизнае, кај се нашло.
Потрошил милион евра на трева и џбунови и цветиќи. Па, браоооос, Жеки.
Се надевам ќе ти влезе Државен завод за ревизија и ќе ни каже што точно си правел со наши пари. Бар, така е редот – напиша поранешната новинарка Јорданка Ивановска- Јоци на својот фејсбук профил, коментирајќи ја објавата на насловната страница на најновиот број на „Фокус“.

 

Ова не е првпат Јоци да коментира натпис на „Фокус“ против градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

Јоци до Жерновски: Дали ги сметаш центарци за луѓе со пилешки мозок?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top