Детенцето кое ги обедини англиските фудбалери, беше голем навивач на Сандерленд, а стана најдобар другар со Џермејн Дефо, шестгодишниот Бредли Ловери, почина попладнево. Момчето кое беше болно од рак, ја загуби најважната битка. Умре во рацетео на неговите родители.
-Нашето храбро момче, денеска отиде кај ангелите, напишаа неговите родители на една од социјалните мрежи.
За Бредли, целиот свет слушна уште минатата година. Тој беше голем љубител на фудбалот и навивач на Сандерленд. На мечот против Челзи во Премиерлигата, Бредли доби шанса да почувствува како е да се биде фудбалер. Облечен во дресот на Сандерлед, се појави на теренот и даде гол. Тој погодок беше прогласен за погодок на месецот во Англија.
Малиот Бредли стана најдобар другар со англискиот репрезентативец Џермејн Дефо. Фудбалерот често го посетуваше детето и во болница.
Пред неколку дена му беше направена и забава, на која присуствуваа сите негови најдобри пријатели. Сепак, болеста на крајот се покажа посилна од се. Малиот Бредли попладнево ја загуби најважната битка. Заспа фудбалскиот ангел, кој ќе биде запаметен не само во англија, туку во целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)