| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ најави уште еден Предлог закон од полза на граѓанитесо уште еден Предлог закон од полза на граѓаните

Сакам повторно да најавам дека ние денеска во процедура ќе пуштиме уште еден закон кој што не е никако поврзан со интересите или потребите на политичките партии, туку е директно насочен кон интереси или потреби на една поголема категорија на граѓани во Република Македонија, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

-Јас само сакам да кажам дека ние навистина имаме намера да бидеме активни и ова е веќе шести закон за само триесетина дена поднесен од пратениците на Коалицијата „За подобра Македонија“ и имаме намера така да продолжиме во следниот период, додаде Димовски.

Детално околу законот се обрати пратеникот од ГРОМ Панчо Минов.

-Предлагаме измени и дополнувања за Законот за извршување со цел да се решат голем број на проблеми на огромна структура на граѓани која што е сега со постапката на извршување премногу оптоварена со превисоки казнени законски камати. За таа цел, предлагаме оваа законска казнена камата за структурата на должници од комуналната сфера односно за струја, вода, телефон, да се максимализира во највисок износ до висината на главниот долг и тоа да важи повратно за сите постапки што се во тек и во иднина.

Исто така, цел на овој закон е намалување на превисоките трошоци за извршување кои што за исто оваа категорија на должници за исплата на парични побарувања по основ на комунални сметки е за повеќекратно повисока од главниот долг, предлагаме да се максимализира до висина на главниот долг. Тоа се трошоците за извршување на што ги определуваат извршителите да важи повратно за сите постапки кои што се во тек и за во иднина.

И на крајот, предлагаме со овој закон да постигнеме едно прецизирање на одредбите вон судска наплата на комуналните долгови, да истата биде обавезна, а не како во постојниот закон сега условена од бројот на фактурите и нивниот износ, да вон судската наплата што значи неприсилната парична наплата и неблокирањето на сметките и другите средства за извршување да на сите тие форми и средства на присилна наплата обавезни им предходи вон судска наплата на овие трошоци неусловена со висината на фактурата на комуналните сметки, а тоа народно значи избегнување на превисоките трошоци и за адвокати и за нотарите и за извршителите.

Веруваме дека ова ќе најде на одобрување на голем број граѓани по моја проценка околу 300 000, кои што се сега во тек на извршување на оваа форма на комунални долгови по основ на комунални сметки за вода, струја, телефон, ние овде ја прошируваме сферата на таканаречените сродни дејности, а тоа се долгови по основ на наводнување и сметаме дека со тоа што беше наше ветување , она што е во определба во програмата на Коалицијата „За подобра Македонија“ , за намалување прво на овластувањата, потоа и за намалување на трошоците за извршување ќе ја постигнеме целта, потенцираше Минов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top