Посебен акцент е ставен на крајот на манифестот, што јасно покажува дека ториевците сакаат да воведат големи промени во начинот на кој функционира интернетот.
„Некои луѓе велат дека не треба владата да биде таа што ќе регулира кога станува збор за технологија и интернет“, се вели во манифестот. „Ние не се согласуваме.“
Висок претставник на ториевците потврди за „Базфид њуз“ дека тоа укажува дека владата има намера да воведе огромни ограничувања на тоа што луѓето може да објавуваат и да споделуваат на интернет.
„Плановите ќе ѝ овозможат на Велика Британија да стане глобален лидер во регулирањето на употребата на личните податоци и интернетот“, тврди манифестот.
Тоа доаѓа брзо откако стапи на сила Законот за истражни овластувања. Тој закон ѝ овозможи на владата да ги принуди интернет-компаниите да водат евиденција за историјата на прелистување на нивните клиенти и да им дадат на министрите моќ да ги пробијат апликациите како „Вацап“ за да може да се прочитаат пораките.
Манифестот се осврнува на зголемените овластувања, велејќи дека владата ќе работи уште понапорно за да се осигура дека нема безбеден простор во кој терористите можат да комуницираат на интернет. Тоа е очигледно референца да се поттикнат технолошките компании да изградат бекдорс во своите шифрирани сервиси за пораки – што ѝ овозможува на владата да ги чита пораките на терористите, но исто така ја ослабува безбедноста на пораки од сите други, предупредуваат технолошките компании.
Се чини дека владата сега започнува со слична радикална промена во начинот на кој функционираат социјалните мрежи и интернет-компаниите. Додека голем дел од интернетот во моментов е контролиран од приватни бизниси, како што се „Гугл“ и „Фејсбук“, Тереза Меј има намера да ѝ дозволи на владата да одлучува што ќе се објавува, а што не, се вели во манифестот.
Новите правила ќе вклучуваат закони кои го отежнуваат пристапот до порнографски и други интернетски страници. Владата ќе може да го ограничи гледањето содржини за возрасни и сите исклучоци ќе треба да се оправдаат пред министрите, се вели во манифестот.
Манифестот дури најавува дека владата може да ги запре пребарувачите како „Гугл“ да ги насочуваат луѓето кон порнографски интернетски страници.
„Ние ќе ја ставиме одговорноста на индустријата да не ги насочува корисниците – дури и ненамерно – да го мразат говорот, порнографијата или други извори на штета“, пишуваат конзервативците.
Законите, исто така, би ги принудиле технолошките компании да избришат нешто што лице под 18 години го објавило.
Но, можеби и ќе бидат принудени да им помогнат на контроверзните владини шеми, како што е Стратегијата за превенција, преку промовирање на контраекстремистички наративи.
„При искористување на дигиталната револуција ние мора да преземеме чекори за да ги заштитиме ранливите и да им дадеме доверба на луѓето за користење на интернет без страв од злоупотреба, криминал или изложеност на ужасни содржини“, се тврди манифестот во делот „Најбезбедното место на интернет“.
Плановите се во согласност со заложбите на ториевците дека интернет-светот мора да биде регулиран исто како и реалниот и дека истите правила треба да се применуваат и во двата.
„Нашата почетна точка е дека онлајн правилата треба да ги одразуваат оние кои го контролираат нашиот живот“, се вели во манифестот на конзервативците, објаснувајќи го ова оправдување како ново ниво на регулација.
„Силеџиството онлајн треба да биде неприфатливо како и тоа во реалниот живот, грижата за децата онлајн треба да биде иста како и надвор, пристапот на децата до насилна и деградирачка порнографија на интернет треба да се оневозможи исто како и на улица, треба да биде исто тешко да се направи криминал дигитално како и физички.“
Манифестот, исто така, предлага интернет-компаниите да плаќаат такса, како таа што моментално ја плаќаат коцкарските фирми. Исто како и со коцкањето, тие пари ќе се користат за рекламирање шеми за да ги информираат луѓето за опасностите од интернет, особено за подигнување на свеста и превентивни активности за да се спречат штетите на интернет.
Конзервативците, исто така, ќе се обидат да ги регулираат вестите што се објавуваат на интернет и како се платени компаниите за тоа. Ако биде избрана, Тереза Меј ќе преземе чекори за да ја заштити веродостојноста и објективноста на информациите што се од суштинско значење за демократијата и ќе преземе мерки против „Фејсбук“ и „Гугл“ за да осигура дека новинските компании добиваат доволно пари за рекламирање.
Ако интернет-компаниите одбиваат да се придржуваат до регулациите, тогаш ќе постојат строги начини да се казнат.
„Ние ќе воведеме санкциски режим за да обезбедиме усогласување, давајќи им можност на регулаторите да ги казнат или да ги гонат оние компании кои не успеваат во нивните законски обврски и да наложат отстранување на содржината кога јасно го крши законот на Обединетото Кралство“, се вели во манифестот.
Во својот план за зголемена регулација, ториевците предвидуваат и одбиваат потенцијални критики дека таквите правила би можеле да изложат луѓето на ризик.
„Иако не можеме сами да ја создадеме оваа рамка, затоа што владата, а не приватните компании, треба да ја заштити безбедноста на луѓето и да обезбеди правичност на правилата кои ги почитуваат луѓето и бизнисите“, се вели во документот. „Ниту, пак, ние се согласуваме дека ризиците од таков пристап ги надминуваат потенцијалните придобивки.“
Извор: „Индепендент“
Превод: Ана Цветаноска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.