Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин првпат се сретнаа во живо и се ракуваа, на самитот Г20 во Хамбург, соопшти Кремљ.
– Тие се ракуваа и се договорија дека ќе се сретнат подоцна, на средба ’очи в очи’ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува АФП.
Трамп разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и британската премиерка Тереза Меј на самитот во Хамбург за време на дискусијата за борбата против тероризмот.
Мерел и Трамп седеле еден покрај друг и размениле поздрави на отворањето на дискусијата, а се забележало дека Трамп разговарал и Меј, која седела лево од неговата страна, пренесува АП.
Путин седел неколку места подалеку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)