Протестите против Самитот Г20 во Хамбург, по хаотичната ноќ продолжија и денеска. Десетина полицајци се повредени, а запалени се и полициски возила.
На Јутуб се појави видео на кое демонстрантите облечени во црно прават нереди по улиците во Хамбург и уништуваат се пред себе – палат автомобили и кршат стакла.
Полицијата не успеа да ги потисне демонстрантите од локацијата во градот која се наоѓа во близина на местото каде е сместен американскиот претседател Доналд Трамп.
Од германската полиција известуваат дека демонстрантите блокирале повеќе раскрсници во градот, таканаречени коридори по кои е замислено да се движи делегацијата на странските државници помеѓу состаноците.
Новинарка од германскиот портал The Local известува, повикувајќи се на извори од редовите на демонстрантите, дека полицијата го иницирала насилството врз нив, фрлајќи солзавец на мирни демонстранти и после тоа биле искористени водени топови.
„Во тек е операција против насилните индивидуалци“, извести федералната полиција преку својот Твитер профил.
Бројот на повредени полицајци во судирите со антиглобалистите се искачи на 76. Пилоти на полицискиот хеликоптер се здобиле се повреди на очите кога во нив биле вперени ласери.
Во вчерашните протести во маршот учествуваа околу 13.000 луѓе, а меѓу нив имало околу 1000 анархисти, со црни маски преку лицата, наведува полицијата.
Денеска демонстрантите планираат да ги спречат шефовите на државите да влезат во конгресниот центар и за таа цел распоредија големи бетонски блокови и метални шипки.
Демонстрантите тврдат дека Г20 не успеале да решат многу прашања кои му се закануваат на светскиот мир, вклучувајќи ги и климатските промени, се поголемата нееднаквост и насилни судири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)