Кортни Кардашијан и нејзиното ново момче Алжирецот Јунс Бенџим видени се како уживаат на францускиот брег.
Триесет и осум годишната мајка на 3 деца и нејзиното 15 години помладо момче, инаку некогашен боксер, кој во моментов е вработен во ресторанот на татко му, решиле врелите летни денови да ги поминат во преубавиот Сен Тропе. А како што наведуваат странските медиуми тие на оваа езготична дестинација ќе поминат неколку дена.
Изгледа дека Кортни дефитинивно решила да стави точка на врската со Скот Дисик, таткото на нејзините деца, а во прилог на тоа одат фотографиите на заљубениот пар, кој не ја крие својата љубов, туку прегрнати и држејќи се за раце шетаат низ овој преубав град.
Заљубениот пар дури изнајмил луксузна вила во Сан Тропе која е под 24 часовен надзор и обезбедување.
Парот секојдевно ужива во егзотичните плажи, посетувајќи ги градскоте ресторани, возејќи јахта, педалинкии, со што ги демантираа гласините кои кружат дека меѓу нив нема да дојде до сериозна врска, бидејќи Јунс сака да гради кариера, а Кортни не сака сериозна врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.