
Кортни Кардашијан можеби е најстарата сестра во семејството, но тоа не значи дека заостанува зад Ким и Клои, барем што се однесува до голотијата и провокативните фотографии кои ги објавува.
Имено, славната ријалити ѕвезда по повод својот 38-ми роденден соблекла се` од себе и позирала во водата. Фотографијата ја споделила на својот профил на Инстаграм, а за само половина час добила 200.000 лајкови и многу комплименти за својот изглед.
Роденденот на социјалните мрежи и` го честитале и нејзината мајка Крис Џенер, како и сестрата Клои.
Ријалити ѕвездата има три деца со Скот Дисик – синовите Мејсон (7) и Реин (2) и ќерката Пенелопе (4).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


