
Кротни Кардашијан е трудна веќе еден месец, дознава „Ин тач викли“. Весникот пишува дека ѕвездата од реално шоу по четврти пат носи дете, а таткото е нејзиниот поранешен партнер Скот Дисик.
Триесет и седумгодишната Кортни веќе има три деца со Скот, шестгодишниот Мејсон, тригодишната Пенелопе и едногодишниот Рејн.

– Кортни отсекогаш сакала четири деца, но и дека не сака да се од различни татковци – изјавил извор близок на двојката за магазинот.
Откако дознал за бременоста, Скот наводно не се одделувал од своето семејство.
Кортни му раскина на Скот по девет години врска бидејќи тој постојано излегувал и се пијанел, а на крајот ја изневерил со една млада моделка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


