| четврток, 6 декември 2018 |

Ечеше „Вимблдон“ од болката на најдобрата тенисерка во двојки (ВИДЕО)

Вознемирувачки сцени видени се на третиот ден од најстариот грен слем турнир Вимблдон, во дуелот меѓу американската тенисерка Бетани Матек Сендс и Романката Сорана Кирстеа. Мечоте е завршен со прекинна почетокот од третиот сет, кога Матек Сендс доживеа тешка повреда, заради која беше принудена да го предаде мечот.

Но, непријатно беше да се гледа и слуша нејзиното барање за помошкога падна на тревата. Ве молам помогнете ми, врескаше Американката, по падот при кој го повреди коленото.

Американката повеќе пати повторуваше „помогнете ми”, а во еден момент почна исилно да вреска од болка. Нејзината противничка ја прескокна мрежата и се доближи да види за што се работи, за подоцна на терен да дојде и лекарскиот тим.

Лекарите цели 20. минути и пружаа помош на теренот на повредената тенисерка, по што на носилка беше изнесена од теренот и префрлена во болница. Повеќе од сигурно дека ја очекува подолга пауза од тенисот и покрај тоа што е прворангирана тенисерка во двојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top