| четврток, 6 декември 2018 |

Ди Каприо, Бана, Манганиело – холивудски момци со наша крв

Источна Европа е место на потекло на многу холивудски фаци! И додека за Џон Малкович, како и Раде Шербеџија е познато дека потеклото им е од овие простори, ред е да дознаете и кои фраери уште имаат потекло од овој дел на земјината топка. Тие се многу успешни во Холивуд, за некои можеби сте знаеле, но некои имиња дефинитивно ќе ве изненадат.

Леонардо ди Каприо


Ди Каприо е познат холивудски заводник и еден од најдобрите актери на денешницата. Неговата баба Хелен Инденбиркен е всушност родена како Јелена Смирнова и во Русија. Ди Каприо отсекогаш се изјаснувал како половина Русин. Во една пригода рекол и дека би сакал да го игра Путин доколку некогаш се снима филм за него.

Дејвид Бореанз


Сигурно го знаете од серијата „Коски“, во која игра ФБИ инспектор. Неговото презиме има словенечко-италијанско потекло и првобитно било напишано “Бергинц“, а неговата мајка е по потекло од Словачка.

Џо Манганиело


Еден од најубавите фраери на светот чие срце и припаѓа на еднакво сексапилната Софија Вергара е познат по бројните улоги, но сигурно не сте знаеле дека неговата мајка Сузана е родена во Хрватска, додека татко му е Италијанец.

Ештон Качер


Овој актер го обожава целиот свет! Игра во најголемите комедии, беше во долга врска со Деми Мур, а сега е во брак со колешката Мила Кунис. Но она што е помалку познато е дека татко му на Ештон е од Чешка, а, исто така, и неговата мајка е по потекло од оваа земја.

Ерик Бана


Бана е австралиски актер со хрватско потекло. Роден е како Ерик Банадиновиќ од татко Хрват. Негови најпознати филмови се „Хулк“, „Троја“, „Блек Хок Даун“ и „Sвездени патеки“.

Џон Красински


Тој е американска филмска и телевизиска ѕвезда. Најпознат е по улогата на Џим Халперт кого го играше во ситкомот „Канцеларија“. Потекнува од Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top