Двајца пијани охриѓани биле избркани од кафеана, а тие од гнев отишле дома и се вооружиле со автомтаска пушка „калашников“ и пиштол, се вратиле и ја изрешетале кафеаната од внатре и од надвор.
СВР Охрид поднесе кривична пријава за Б.П.(33) и за Т.Н.(42), двајцата од Охрид, за кривични дела недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и предизвикување општа опасност.
На 31 мај годинава во Градскиот пазар во Охрид откако пријавените претходно се довеле под дејство на алкохол во угостителски објект „Беко“, биле избркани од објектот, а по кратко време се вратиле, по што Б.П. влегол внатре и од автоматска пушка и пиштол што ги поседувал без одобрение испукал неколку проектили, оштетувајќи го инвентарот, а потоа излегол надвор и испукал уште неколку куршуми кон објектот.
При извршен претрес во возилото на Б.П. е пронајдена торба со 68 куршуми за автоматска пушка кал. 7,62 мм и кундак за пушка. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.