| четврток, 6 декември 2018 |

Тенисерот Медведев фрлаше ситни пари кон судијката

Рускиот тенисер Данил Медведев по поразот од Рубен Бемелманс најпрво со поздрави со главната судијка Маријана Алвеш, а потоа извади три монети од неговиот паричник и една по една ги фрлаше кон неа.

Португалската судијка Алве,ш која важи за една од најдобрите тениски арбитри, во текот на мечот неколкупати беше и вербално нападната од Медведев.

По непримерниот потег Русинот изјави дека немал намера да инсинуира поткуп на судијката, призна дека направил грешка и рече дека ќе се извини за инцидентот.

Се очекува реакција на организаторот кој најверојатно ќе го санкционира Медведев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top