| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени новинари и пратеници: Демонстранти влегоа во Парламентот на Венецуела

Демонстранти, кои се приврзаници на Владата во Каракас, насилно влегоа во Парламентот на Венецуела при што повредија неколкумина пратеници и новинари.

Според локални медиуми, најмалку четворица пратеници се потешко повредени.

Парламентот требаше денеска да има посебна седница по повод Денот на независноста.

Според локални медиуми, се слушнале и неколку експлозии но засега не е познато од што се предизвикани. Голем дел од напаѓачите носат качулки. Облечени се во црвено (боја на владејачката партија) и речиси сите носат дрвени палки.

Во Парламентот на Велецуела мнозинство има опозицијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top