Кој хороскопски знак е добар, а кој лош во кревет, за вас? Овните уживаат во прегратките и бараат нежни партнери, додека Близнаците најдобро ќе се снајдат со Вагите.
Кои се трите знаци со кои вие имате непобедлива хемија?
Овен
Особини кои ги исполнуваат во кревет: спонтаност, доминација, страственост, брзина.
Жената ужива во прегратките и се препушта без размислување. Сака тотална доминација над партнерот. Интересно и е да експериментира.
Мажот е издржлив, но нема време за долга предигра, бидејќи тоа не го интересира. Сака сè што е забрането. Ако сакате да го задржите, ќе мора многу да се потрудите во креветот.
Иделни партнери: Лав, Стрелец, Водолија.
Бик
Особини кои ги исполнуваат во кревет: сензуалност, издржливост, едноличност.
Жената сака долга предигра. Секогаш е занесена, слободна и страствена. Знае да ја разгори фантазијата, а нејзината умешност доаѓа до израз со годините и искуството. Таа е буквално како вино.
Мажот никогаш не се откажува лесно. Сака класични пози, но и да задоволува туѓи желби. Пружа сигурност и уживање.
Идеални партнери: Скорпија, Јарец, Риби.
Близнаци
Особини кои ги исполнуваат во кревет: енергичност, љубопитност, незаинтересираност.
Жената е секогаш средена и магична. Не сака партнерот да ја ограничува. Сака да флертува и склопува пријателства. Го задржува младешкиот дух и мажите тешко ја забораваат. Секогаш сака да експериментира.
Мажот освојува со хуморот. Не очекува сериозна врска, ниту е подготвен за било какво врзување. Сака да доминира.
Идеални партнери: Лав, Вага, Водолија.
Рак
Особини кои ги исполнуваат во кревет: емотивност, сензуалност.
Жената е срамежлива. Потребно и е повеќе време да стекне доверба во партнерот. Нежна е и сака бакнежи. Не сака наметливи мажи.
Мажот е сентиментален и постојано сака да ја задоволи партнерката, дури и по цена да го жртвува своето задоволство.
Идеални партнери: Бик, Девица, Риби.
Лав
Особини кои ги исполнуваат во кревет: достоинственост, доминантност, вообразеност.
Жената сака да доминира и партнерот да има почит кон неа. Очекува мажот да и се воодушевува, бара страст и кралски третман, енергичност и уживање. Обожава да води љубов пред огледало и да го води темпото.
Мажот е лесен за освојување преку неколку комплименти. Сака да доминира, па затоа го возбудува кога жената во креветот ќе се согласи да биде потчинета.
Идеални партнери: Вага, Стрелец, Водолија.
Девица
Особини кои ги исполнуваат во кревет: опуштеност, таинственост.
Жената е ненаметлива и вешта. Не сака валкани секс игри. На почетокот мора да стекне доверба во партнерот за да се впушти во нешто интимно. Опуштена е само ако околу сè е уредно и чисто.
Мажот е нежен и обѕирен, но не се надевајте на романтика со него. Исто така, не сака вулгарност од партнерката.
Идеални партнери: Бик, Скорпија, Јарец.
Вага
Особини кои ги исполнуваат во кревет: страственост, искреност, отвореност.
Жената не сака агресивни мажи, го цени додворувањето и самиот интимен чин сака да биде театрален.
Мажот сака да освојува, но го привлекуваат само префинети жени.
Идеални партнери: Близнаци, Стрелец, Водолија.
Скорпија
Особини кои ги исполнуваат во кревет: доминација, страст, надменост.
Жената е енергична и го следи инстинктот на телото, а мажите ги привлекува со насмевката. Делува воздржано и префинето, но во кревет нема предрасуди и ограничувања.
Мажот е непредвидлив, како во животот, така и во креветот. Љубоморен е и перверзен. Тешко ја контролира енергијата, па потребна му е издржлива жена полна со изненадувања.
Идеални партнери: Бик, Јарец, Риби
Стрелец
Особини кои ги исполнуваат во кревет: искреност, отвореност, духовитост.
Жената сака возбудливи авантури. Не и пречи да води љубов на отворено, во природа, на јавни места.
Мажот не сака зближување, но сака да биде директен кога се во прашање желбите. Ја цени личната слобода. Не му се непознати сите љубовни игри.
Идеални партнери: Овен, Лав, Водолија
Јарец
Особини кои ги исполнуваат во кревет: љубопитност, посветеност.
Жената понекогаш е претерано ладна. Сака да води љубов, но бара исклучиво издржливи мажи.
Мажот е идеален партнер за догла врска, верен е и пружа сигурност. Го интересираат само необични жени.
Идеални партнери: Бик, Девица, Скорпија
Водолија
Особини кои ги исполнуваат во кревет: иновативност, љубопитност.
Жената е отворена и креативна. Сака да истражува. Нема табу теми, а фетишите ги исполнува речиси секогаш.
Мажот не сака да доминира. Најмногу сака да ја освојува и задоволува партнерката. Го привлекуваат експерименти во кревет.
Идеални партнери: Овен, Близнаци, Вага
Риби
Особини кои ги исполнуваат во кревет: себичност, интуитивност
Жената е емотивна и романтична. Сонува за принц и вечна љубов. Не сака да доминира, туку да го задоволува парнтерот.
Мажот е емотивен, но и страсвен кога ќе треба. Сака промени, заведување и долги врски. Лесно и често се заљубува.
Идеални партнери: Рак, Скорпија, Јарец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.