19-годишниот Германец Марсел Хесе, го убил 9-годишниот Јаден, со 52 убоди од нож, а потоа направил селфи со мртвото дете и го објавил на интернет. Марсел потоа побегнал.
Следниот ден го убил својот познаник, 22-годишнито Кристофер. Го забодел 68 пати. На крајот се предал сам. Се појавил во еден локал и на вработените им кажал: “Ве молам, повикајте полиција, ме бараат”.
Неговата мајка сега рекла дека Марсел како дете никогаш не бил мирен и дека докторите му дијагностицирале пореметување со хиперактивност.
– Сепак, беше грижлив и подготвен да помогне. Читаше книги, најмногу за медицина. Подоцна се обиде да научи англиски, кинески и јапонски. Сонуваше за тоа дека ќе стане војник. Кога го одбија дека има проблеми со видот, му се урна целиот свет и тоа веројатно беше пресудно – вели мајката Мичела.
Опишала што се случувало пред убиствата.
Марсел и кажал дека оди кај пријател да позајми тостер. Семејството на убиеното дете добро го познава. Биле соседи и често заедно славеле Нова Година во подрумот. Токму таму Марсел го убил детето.
– Кога излегов од домот на денот на убиството, браќата на Јаден тргнаа кон мене, сакаа да ме задават. Можам да го разберам тоа. Се извинувам за тоа што го направи мојот син, никој не можеше да знае што ќе се случи. Знам колку е страшно кога родител ќе изгуби дете – рекла Мичела.
Се уште не го посетила Марсел во затвор, не знае ни дали ќе го направи тоа.
– На некој начин би можела да го мразам и убијам – вели таа.
Тој и напишал писмо од затворот. Процесот против него започнува во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.