| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: СДСМ имаше многу ветувања во предизборниот период, но дојде на власт и ништо од тоа не исполни досега (видео)

СДСМ имаше многу ветувања во предизборниот период, но дојде на власт и ништо од тоа не исполни досега. ВМРО-ДПМНЕ ќе го потсетува Зоран Заев за се што им ветил на граѓаните и ќе инсистира да биде исполнето, истакна пратеникот од редовите на оваа партија Илија Димовски во интервју за „Алфа“ и додаде дека СДСМ веќе ја злоупотребува власта.

– ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа укинување на радиодифузната такса и повисоки плати за администрацијата, но СДСМ ги отфрли. Тие побараа и опозицијата да го предложи новиот јавен обвинител и да биде избран со двотретинско мнозинство – рече Димовски.

Димовски во интервјуто говори и за договорот за добрососедство со Бугарија. Вели дека и неговата партија е за потпишување на тој договор но не по цена на губење на идентитетот на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top