| четврток, 6 декември 2018 |

20 години од смртта на Дражен Петровиќ

petrovic

На денешен ден пред 20 години во сообраќајна несреќа загина Дражен Петровиќ, идолот и примерот на многу тогашни млади, човекот кој можеше да стане еден од најдобрите на сите времиња без сомнение. Од овој свет на 28-годишна возраст замина човекот што беше речиси без мана, и на теренот и надвор од него.

drazen

Својот последен натпревар Дражен го одигра против Словенија во квалификациите за Европско првенство. Хрватската репрезентација со авион се враќаше од Полска, а Дражен се враќаше со автомобил, а зад воланот беше неговата девојка, германската манекенка Клара Саланци. За жал, тоа беше негово последно возење.

petrovic

Живееше за кошарка и за спортот. Со кошарката е од неговата 13. година, играше за Цибона и за Реал Мадрид, дури стигна и во НБА-лигата во редовите на Портланд, но таму само ја грееше клупата. Издржа две сезони со мизерна минутажа во игра и потоа отиде да игра во Њу Џерси Нетс каде што имаше можност да го покаже неговиот талент. Таму беше еден од најдобрите шутери во НБА-лигата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=7nToXmFe4XA

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top