Во амбулантата во Шуто Оризари, каде што долги години наназад немаше гинеколог, од следната недела ќе почне да работи специјалист гинеколог, со што се обезбедува континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина, соопшти Министерството за здравство.
Во амбулантата ќе работи д-р Вјолце Мбиара, специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, која меѓу другото, има работено во американска болница во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.