| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во болница: Се претставил како гинеколог за да прегледува згодни пациентки (видео)

Антон Јарин, 32-годишен маж од рускиот град Первоуралск, кој неодамна излегол од затвор поради кражба, повторно бил приведен заради лажно претставување. Ни помалку ни повеќе, туку скоро еден месец се лажно се претставувал дека е лекар гинеколог во болница во споменатиот град.

Тој ги бирал своите пациентки, ги „прегледувал“ оние кои му се допаѓале, а бил пријавен кај управата на болницата од една од оштетените жени.

Јарин се обидел да се правда дека во болницата прво дошол како водоинсталатер, а потоа за да посети пријател, но изговорите не му поминале кај официјалните полициски лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top