Владата на СДС пред само една недела се жалеше дека има пренатрупаност во администрацијата, но затоа, тоа не важи за целиот СОРОС сектор, новинари блиски до СДС и нивните партиски членови кои добија работни места, истакна на денешната прес-конференција Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.
Интегрален текст од прес-конференцијата на Александрова:
СДС и Заев ги вработија сите оние кои изминатиот период најдрско и најплукачки го напаѓаа раководството и Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Но исто така и продолжува практиката СДС во владата да вработува и новинари кои се блиски до нив.
Новинарот Зоран Бојаровски е дел од новиот тим на министерот Роберт Поповски. Бојаровски беше дел од тимот на А1 телевизија и дел од тимот на МИМ кој е финансиран од СОРОС. Претходно на ист принцип беше вработена и Катерина Цаневска – Арсовска во општина Центар од страна на Жерновски.
Заев во Владата на СДС ги вработи и Бојан Маричиќ од невладината за европско образование, сопруг на поранешната пратеничка Маринела Тушева, Дане Талески од институтот Прогрес, Марјан Забрчанец од МОФ. Сите тројца се вработени како високи советници на новиот Премиер Заев.
Ниту министерот Алаѓозовски не го интересираше наводната пренатрупаност во администрацијата, па и тој вдоми неколку истакнати активисти на СОРОС и СДС. Новинарот Петрит Сарачини кој по потреба е и дел од невладината Цивил и МИМ институтот е советник во министерството за култура. Никола Наумовски братучедот на Шекеринска од распеани скопјани е нов вработен во министерството за култура. Петар Арсовски кој го напаѓаше проектот Скопје 2014-та исто така е нов вработен во министерството заедно со Ѓунер Исмаил кој сакаше дислокација на спомениците.
Бранимир Јовановиќ од Шарената Револуција е новиот советник во министерството за финансии.
Но, она што е уште полицемерно е новиот оглас за вработување на 13 посебни советници во Владата на Република Македонија со плата во висина од 36.873 денари. Ваквиот оглас доаѓа откако пред само една недела Рашковски и Манчевски тврдеа дека јавната администрација се соочувала со превработеност.
Очигледно тоа важеше само една недела.
СДС изминатиот период во обид да ја манипулираат јавноста, прикажувајќи ја претходната влада како неодговорна и расипничка која создала превработеност, се фатија во сопствената лага.
Сите лаги на СДС и Заев пропаднаа во вода. На лицемерието на СДС му нема крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)