Играчот за врска на Фиорентина и италијански репрезентативец, Федерико Бернардески, е блиску до трансфер во редовите на италијанскиот првак Јувентус. Тој имал средба со клупското раководство на која јасно ја искажал својата намера за промена на средината. „Старата дама“ е подготвена да плати 40 милиони евра за неговите услуги, но засега „виолетовите“ стојат на ставот дека Бернардески вреди 50 милиони евра.
Тој беше дел од младата фудбалска репрезентација на Италија до 21 година на Европското првенство во Полска и беше избран во „дрим тимот“ на шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.