| четврток, 6 декември 2018 |

Лукас за разводот: Нашиот брак не функционираше една година

По отвореното писмо упатено на Соња Вуксановиќ, пејачот Аца Лукас (48) ја шокираше јавноста со потврдата за новата љуовна врска со Бранислава, од која последниве денови е неразделен.

Новата избраничка на Лукас е 20 години помлада од него и во моментов му е најголема поддршка, а по шпекулациите за завршувањето на бракот со Соња, наводната афера и се останато, Лукас реши да прозбори и да стави точка на гласините.

-Не сакам никому да се правдам, туку сакам да го кажам она што ми е на срце. Мојата заедница со Соња не функционираше повеќе од една година, што не значи дека некој е крив, туку дека дојде до емотивна празнина. Тоа веќе не беше брак, чувствата згаснаа. Се договоривме да се разделиме, но имаше турбуленции, не поради мене или неа, туку поради фактот дека двајцата требаше да го издржиме притисокот на разните советници. Јас издржав, таа малку помалку. Се случија работи кои не беа ни убави ни пожелни за се она низ што минавме во заедничкиот живот. Емотивната разделба се случи, како и судскиот развод. Да беше добро, немаше тоа да се случи – изјавил пејачот за магазинот Стори.

Иако овие денови се шпекулираше дека Лукас и Соња отоврено се препукуваат не бирајќи зборови, Лукас тврди дека не кажал ништо лошо за поранешната сопруга.

-Никогаш не кажав ништо лошо за Соња, а колку што знам ни таа за мене. Вистина е дека имам нова девојка и дека се заљубив, а тоа немаше да биде така ако во мојот брак беше се во ред. Цело време бев добар сопруг и татко, посебно второто. Не би влегувал во детали кој е виновен за нашиот развод, но прељубник не сум. Додека официјално не се разведов, немав започнато нова врска. Стојам зад своите дела и ја сакам Бранислава, не кријам – рекол Лукас, кој потврдил дека тој и Соња веќе се и судски разведени.

– Бракот е завршен во оној момент кога ние решивме така и не постои ни промил нешто да се смени. Не сум човек кој нешто кажува, па се премислува. Добро проценив што треба да направам од животот. Мојот брак е готов, но мојот однос со Соња не е, бидејќи ние треба да бидеме пријатели, најмногу поради Викторија. А нашите емоции остануваат запечатени до крајот на животот – рекол Аца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top