| четврток, 6 декември 2018 |

Одбиено барањето на ВМРО ДПМНЕ за законски измени во изборот на јавниот обвинител

Пратениците го одбија барањето на ВМРО ДПМНЕ  за измени по брза постапка во Законот за јавно обвинителство со кој се бараше јавниот обвинител да го предлага опозицијата и тој да се избира со двотретинско мнозинство.

Имено, пратеникот Илија Димовски побара и наместо како досегашната пракса со просто мнозинство, јавниот обвинител да биде избран со двотретинско мнозинство.

Според досегашното решение, Јавниот обвинител се избираше на предлог на Владата.

 

Собранието го одби и предлогот на опозицијата за измените по брза постапка во Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои ВМРО-ДПМНЕ ги бара за со цел веднаш да се укине радиодифузната такса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top