Швајцарските власти вчера направиле нов претрес во седиштето на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во Цирих и заплениле документи и електронски информации во нивната истрага против корупцијата во светското фудбалско тело.
„Како дел од тековната криминална истрага против поранешните раководни лица во ФИФА, Канцеларијата на јавниот обвинител на Швајцарија изврши претрес во седиштето на ФИФА на 2 јуни 2016 година со цел да ги потврди постојните наоди и да пронајде нови информации“, се вели во соопштението на Канцеларијата на јавниот обвинител на Швајцарија.
Од таму велат дека новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, не е под никаква истрага, туку индивидуи кои од претходно се обвинети, но се истражуваат и други лица кои, исто така, се инволвирани во големиот корупциски скандал што ја потресе Светската фудбалска федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.