| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Бараме Јавениот обвинител на Република Македонија да се бира по предлог на опозиција, како што вети Заев!

Денеска во Собранието на Република Македонија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесоа предлог измени на Законот за јавното обвинителство по скратена постапка.
Со овие измени се предвидува Јавниот обвинител на Република Македонија да се бира по предлог на опозицијата, а тој да се избира со двотретинско мнозинство.

Во врска со оваа тема, на денешната седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски посочи дека овие предложени измени предвидуваат Јавниот обвинител да се бира по предлог на опозцијата, како што вети Зоран Заев во предизборието и тој да се избира со двотретинско мнозинство, а не како што било досега со обично мнозинство.

„Со овој закон кои што ќе продложиме да оди по скратена постапка предлагаме две крупни измени во процедураата за избор на Јавен обвинител.Првата измена е она што СДСМ го ветуваше во избори, а тоа е дека Јавниот обвинител на Република Македонија ќе се бира по предлог на опозицијата. Втората измена која што предлагаме да се внесе е Јавниот обвинител на Република Македонија да се бира со двотретиснко мнозинство, досега беше доволно и обично мнозинство. Значи предлагаме процедурата да биде изменета, предлогот да не го дава Владата на Република Македонија, туку да го дава најголемата партија во опозиција во Собранието, но за да биде избран некој за Јавен обвинител мора да добие двотретинско мнозинство.Тоа ќе значи инклузивност, збор кој што често го употребува новата Влада, тоа ќе значи подавање рака, збор кој што често го употребува новата Влада, тоа ќе значи заеднички фактор на реформите, зборови кои што често го употребува новата Влада, тоа ќе значи некаков консензус за клучни прашања исто така зборови кои што ги употребува новата Влада. Се надеваме дека ќе си останат на она што го зборувале во изборната кампања“,
истакна Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top