Поранешниот светски рекет број еден и сегашен тренер на Новак Ѓоковиќ, Андре Агаси го посочи најдобриот играч против кој се натпреварувал во својата богата кариера.
Американскиот ас има триумфирано на сите големи турнири, се има соочено со голем број на тенисери, но еден е број еден за него, тоа е Роџер Федерер.
– Роџер е најдобриот играч против кого сум играл. Тој не ви дозволува да мрднете на теренот, секогаш ве тера да бидете на „работ“. Мора да играте луд тенис за да имате било каква шанса против него – вели Агаси.
Американецот и Швајцарецот 11 пати можеа да ги одмерат силите, а Роџер на тие пресметки славеше дури во осум наврати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.