| четврток, 6 декември 2018 |

Се обвинува себеси за неговата смрт- ова е ќерката на Ѓоша, која го пронашла мртов!

Вчера регионот го потресе веста дека Богољуб Митиќ Ѓоша ненадејно починал, а неговото тело го пронашла неговата ќерка Наталија.

Богољуб починал од последици на срцев удар. Тој со денови бил настинат, но имал и проблеми со тромб.

Тој зад себе ја остави сопругата Јелена и двете ќерки Наталија и Олга. Неговата ќерка Наталија, како што пренесуваат медиумите, себе си се обвинува за смртта на својот татко. Таа неговото тело го пронашла изутрината во соба, а себеси се обвинува што спиела во моментите кога Богољуб се борел за живот.

Наталија верува дека да била будна во моментите кога му се слошило, можеби ќе можела да му помогне. Таа го пронашла во шест часот вчера изутрина, а Ѓоша починал во четири часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top