| четврток, 6 декември 2018 |

Анкетните листови ги разоткрија: За време на наводниот режим, министрите на СДС стекнале милиони

И повеќе од кристално јасно е зошто министрите на СДС ги криеја анкетните листови, а некои дури и доцнеа со пријавувањето на имотот. Министрите на СДС се газди на луксузни станови, куќи, хациенди на море и луксузни возила и милиони кои ги заработиле под услови на наводен режим и диктатура, изјави на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ.

– Самка Ибраимоски, газдата министер од редовите на СДС својот анкетен лист го достави по истекување на рокот. За волја на вистината имал што да крие до последен момент, а пак можеби и не можел да се допресмета колкав имот има. Газда Самка Ибраимоски во својот анкетен лист пријавил имот од над 600.000 евра. Повторувам газда Самка Ибраимоски пријавил имот од над 600.000 евра. Газда Самка кој не пропушташе прилика да каже како македонскиот народ е сиромашен, пријави имот од над 600.000 евра. Сопственик е на фабрика, како и на друг движен и недвижен имот. Маските паднаа, зијави Колариќ.

Таа рече дека граѓаните се уште ги очекуваат одговорите од газдите министри од СДС.

– Како газдата министер Роберт Поповски се стекна со имот од над 300.000 евра? Дали ова е наводниот режим кој тој го говореше цело време? Како газда Никола Димитров во време на наводен режим станал газда на имот од околу половина милион евра кој вклучува стан во Хаг од над 300.000 евра? Како газда Кочо Анѓушев се стекнал со имот од над 28 милиони евра во време на наводен режим?  Како премиерот Заев под услови на наводен режим според лично признание заработил 6 до 7 милиони евра богатство? Уште поинтригантно е како кланот Заеви од просечно земјоделско семејство од Муртино со свои фирми за 10 години направиле обрт од 200 милиони евра? Како Шеќеринска се стекнала со 4 стана во време на наводен режим кои чинат неколку стотици илјади евра и сама на себе си плаќа кирија?, изјави Колариќ.

Очигледно е, нагласи таа, зошто го криеја својот имот газдите од СДС.

– Лажната скромност и лажната транспарентност излезе на виделина. Граѓаните ја очекуваат транспарентноста од функционерите на СДС која тие ја ветуваа и очекуваат одговор на прашањата како се стекнале со толкав имот во време на наводен режим, изјави Колариќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top