Криминалот и партизираната држава не смеат да бидат одлика на Република Македонија, бидејќи нашата држава е демократска и не смее никој да ја враќа во 90-тите и да го промовира криминалното и силеџиско владеење од времето на транзицијата, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение испратено до медиумите.
– СДС на криминален начин ја спроведе својата кампања и на криминален начин продолжува да владее и делува. Зоран Заев бараше смена на Републичкиот јавен обвинител за да спречи истрага за нелегалното финансирање на кампањата на СДС, за граѓаните да не дознаат со колку црни пари на терен се покривала кампањата на СДС, како што е случајот со Шуто Оризари. Поминаа две недели откако јавноста ја виде снимката во која јасно се говори дека на црно се истурени 80.000 евра за да се финасира кампањата на пратеникот на СДС од Шуто Оризари, Курто Дудуш, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се потсетува дека Дудуш јавно им ветува на граѓаните дека доколку поседуваат членска книшка од СДСМ, ќе имат привилегии на лекар, ќе имаат привилегии во социјално, но и дека ќе можат да прават сообраќајни прекршоци, без за тоа да бидат казнети од полицијата.
– Со тоа СДС ја партизира државата до најмалата пора и креира систем каде што партиската книшка ќе одлучува за судбината на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува меѓународната заедница и меѓународните претставници во нашата држава да ги осудат изјавите на пратениците на СДС и со будно око да ја следат ситуацијата во Македонија под палката на СДС. Република Македонија не смее да стане пандан на комунистичка Северна Кореја, државата мора да се темели на демократските принципи и начела и за тоа не смее да има компромис, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)