Изигнориран успехот на македонските одбојкари. Тие вчера вечер се вратија дома по освоеното второ место на Ф4 турнирот од Европската лига. Бидејќи никој не ги пречека тие самите си направија забава.
Поминаа низ Порта Македонија, за да ги „фати мајата“ и да го разбијат малерот, па догодина да го освојат толку посакуваното злато. Застанаа на плоштадот, ја отпејаа македонската химна и развија македонско оро, симболично прославувајќи го среброто што и оваа година ги кити нивните гради.Ова во живо, преку Фејсбук, го пренесуваше капитенот Никола Ѓорѓиев преку својот мобилен телефон – пишува Екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)