Германските фудбалски репрезентативци, победници на Купот на Конфедерации во Русија, ќе добијат по 50.000 евра како награда за големиот успех.
Германија за првпат во историјата го освои Купот на Конфедерации, а капитан Јулијан Дракслер беше прогласен за најкорисен фудбалер на турнирот.
Сите фудбалери од стројот на Јоаким Лев добија околу 20 дена одмор, без разлика што подготовките на нивните клубови во Германија се веќе во полн ек.
Германија ќе игра со оваа гарнитура на дресови до ноември, кога официјално ќе бидат презентираат дресовите за Мундијалот во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.