Поранешната панк рок музичарка од Велика Британија, Сали Џонс, озогласена членка на ИСИС, одговорна за повеќе терористички напади, изјави дека сака да се врати дома.
Таа пред неколку години се омажи за следбеник на ИСИС кој загина во еден од нападите, а таму го однесе и синот. Како што изјави Аиша, сопруга на еден емигрант, која побегнала од ИСИС и се наоѓа во еден камп во Сирија, познава жена по име Ума Хусаин ал Британи која за време на војната го користела имео Џонс.
Нејзиниот сопруг Јунаид Хусаин бил шеф на дигиталната војна и бил убиен во напад со дрон кој го извшил САД во 2015 година додека планирал напад во западните земји.
– Го загуби сопругот во борбите и има син од 12 години. Таа има близу 50 години и многу е фина. Плачеше и говореше дека сака да се врати во Велика Британија, но ИСИС не и дозволува бидејќи е вдовица на војник на ИСИС. Изјави дека сака да се врати во својата земја – рекла Аиша.
Џонс нема многу опции. Ако се врати во Британија ја чека доживотна казна затвор. Ако остане, големи се шансите да биде убиена во некои од нападите, бидејќи Американците и нивните сојузници изјавија дека меѓу 3.000 и 3.500 странски борци ќе умрат.
Повеќемина лидери на ИСИС се во бегство и се обидуваат да се инфлитираат во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.