| четврток, 6 декември 2018 |

Заев продолжува сесрдно да им помага на „независни“ и „невладини“: И Зоран Бојаровски доби своја канцеларија на „Илинденска“ б.б.

Играјќи по нотите на ПР-стратегијата што ја спроведува СДСМ за да створи привид на отворена влада и Зоран Бојаровски се пофали на Фејсбук дека добил чест да работи на „Илинденска“ б.б. Наводно ќе ги терал предизвиците пoврзaни сo рефoрмските прoцеси нa нoвaтa влaдa кoи требa дa се искoмуницирaaт сo медиумите и сo јaвнoстa

Самопрогласените независни новинари и членови на невладините организации го покажуваат вистинскиот лик. Прво звучни новинарски пера се наоѓаа на платните списоци на Соросовите невладини, при што се офајдиле со милионски заработки и хонорари, а сега Зоран Заев почна да ги згрижува сите кои работеа за СДСМ глумејќи независност и професионалност,додавајќи ги на списокот заслужни граѓани.

 

Засега последен кој „си одработи“ за функцијата е Зоран Бојаровски. Тој доби вработување во Владата во Одделот за комуникации. Играјќи по нотите на ПР-стратегијата што ја спроведува СДСМ за да створи привид на отворена влада, и тој уште првиот ден во влада се пофали на Фејсбук. Наводно ќе ги терал предизвиците пoврзaни сo рефoрмските прoцеси нa нoвaтa влaдa кoи требa дa се искoмуницирaaт сo медиумите и сo јaвнoстa.

Како да не му беше малку ова фалење, па набројал дека бил секогаш дел од успешни приказни: МРТ, А1, Форум, МИМ, Алфа. Сега од онаа страна на новинарството верувaл декa ќе создадел нoвa прикaзнa зa пaметење. Се виде неговото паметење.

„Ајде“ на протест пред МРТ, Бојаровски не спречил штетен договор

 

Новинарот Мухамед Зекири, кој под превезот на објективен и независен новинар, кога намириса дека може да се офајди од Зоран Заев, се придружи на неговата борба за власт и фотелја. И не помина воопшто лошо. Неуспешната новинарска кариера ја замени со пратеничка. Заев и него го вдоми. Да не зборуваме за лебот што му го даде во СДСМ, зашто се „одважил да помогне“. Помошта Заев му ја вреднува со 40.000 денари месечно. Во меѓувреме стана и потпретседател на некогашната најголема македонска партија во коалицијата на Заев.

Зекири отворено му се закани на Заев: Не се ангажирав за да не се спроведе двојазичноста!

За својот труд и учество во Платеничката револуција на СДСМ богато беше награден Павле Богоевски, кому шарањето на фасадите за време на Шарената револуција му донесе пратеничка фотелја и тоа во истиот оној законодавен дом на кој фрлаше боја.

Нивната „независност“ Заев ја награди со пратенички места – Шарените целат кон власта

Со иста пратеничка титула се закити и младата активистка, членка на Студентскиот пленум, Ивана Туфегџиќ, која практикуваше улични демократија, често се обраќаше на платеничките променади на платеничката револуција, а беше задолжена и за кревање на тензии и предизвикување инциденти. Убаво се вдоми, нема што.

Следен на ред беше Петрит Сарачини, соросовиот платеник, таканаречен новинар и довчерашен опозициски активист. Кога Петрит Сарачини е во прашање, тој има историја на насилно однесување. Минатата година, Сарачини со метална шипка физички го нападна и новинарот Бобан Нонковиќ во просториите на образовна институција, каде што заедно присуствувале на предавање. Причината била банална, Сарачини не се согласувал со ставовите на Нонковиќ, па во недостаток на аргументи прибегнал кон насилие. Но за возврат на сето одработено, тој стана дел од кабинетот на Роберт Алаѓозовски, во Министерството за култура.

За културата најважни Албанците и суканиците на Боб Марли: Петрит Сарачини дел од кабинетот на Алаѓозовски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top