Божидар Димитров во интервју за бугарската телевизија БТВ, во емисијата „Оваа утро“ јасно кажа дека со исполнувањето на договорот кој Заев го договараше во Софија со Борисов, а ќе го потпише на 2 август во Скопје ќе значи промена во македонските учебници по историја. Тој исто така рече и дека МАНУ не смее да се изјасни против промените во учебниците по историја кои ќе следуваат како обврска од договорот бидејќи Заев ќе ги избрка од работа.
Според Димитров членовите на МАНУ работата се за пари, тие според него работат по принципот „дај пари, ќе се пишам бугарин“.
– Две точки се многу важни според мене, јас ги кажав веќе и тоа предизвика голема врева, имаа посебна пресконференција против мене, ме нападна најголемата партија, ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе одат во затвор, кој и да го нападне Божидар Димитров ќе оди во затвор – иронично вели Димитров.
Запрашан по кои закони би се случило тоа, по македонските или по бугарските Димитров одговори дека по македонските во Македонија има создадено специјално јавно обвинителство.
Останува нејасно дали ова беше кажано во иронија или можеби е горка вистина, ако го знаеме фактот дека СЈО до сега сите обвиненија кои ги поднесе се политички нарачки против врвот на ВМРО-ДПМНЕ со цел кршење на партијата која во изминатиов период беше на браникот на државата.
Запрашан што со потпишувањето на договорот со Бугарија, Димитров рече:
– Прво, запираат кражбите на бугарската историја и се откажуваат од досега украдената и второ, исправете ги учебниците по историја без тие кражби, ако тоа го направат, македонските деца каква историја ќе учат? Целата историја им е составена од кражби- објасни Димитров.
Запрашан дали тоа ќе се случи ли по потпишување на тој договор.
Димитров вели: – Ние ако го потпишеме и потоа тие ако го исполнат, тоа ќе се случи.
Водителот го запраша Димитров: Тоа сметате ли дека воопшто е возможно? Да се променат учебниците. Двате услови кои се?
– Можам да кажам дека немаат доволно кадри. Ќе ти кажам еден убав симптом, минатите денови бев вклучен во една македонска телевизија да кажам пет – шест збора ново, при една јавно предавање и разговорот пред јас да се вклучам, разбрав дека МАНУ откажала да се изјасни против потпишувањето на тие точки од договорот. Тоа се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати. Знаат дека Зоран Заев ќе ги избрка од работа сите , ако тргнат против него. Затоа велат да. Тоа се луѓе ќе ми дадеш пари ќе се пишам бугарин, тоа е многу старо- заклучува Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)