| четврток, 6 декември 2018 |

Гологазиот Тито во шпански воен логор-конечно објавена забранета фотографија

Фотографијата „Југословени кои се бањаат“ на која се наоѓа и Тито, целосно гол во 1939 година настанала во францускиот воен логор во кој престојувале меѓународни сили.

Истражувајќи ја улогата на некогашниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито во граѓанската војна во Шпанија, новинарот и публицист Жељко Зиројевиќ наишол на целосно непозната фотографија на Тито.

Фотографијата не е интересна само по тоа што открива дека Тито бил припадник на меѓународните воените сили во Шпанија, туку и поради тоа што Броз на неа е целосно гол. Станува збор за автентична фотографија која во 1961 година е објавена во Зборникот на шпанските борци. Книгата набрзо е повлечена од пазарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top