| четврток, 6 декември 2018 |

Заев под ултиматум од Грците, Бугарите и Албанците – Села бара Закон за јазици или ја напушта коалицијата (видео)

И лидерот на ДР-ДПА Зијадин Села со ултиматум до Зоран Заев. Заев бара Законот за јазици да биде донесен по локалните избори, но Села не прифаќа. Или Закон за јазици во првите 100 дена од формирање Влада или ја напушта Владара.

-Нашиот партиски став сме го кажале многупати досега. Кажавме и пред да се формира Владата, но политичките случувања направија ние да направиме еден компромис, но друг компромис по 100-те дена нема да има.

Заев се соочува со низа ултиматуми – Грција условува за името и идентитетот, Бугарија за историјата, Албанците за јазикот. Македонците со право се прашуваат што понатаму по ултиматумот на Грција за промена на името, барањата на Бугарија, инсистирањето на албанските партии кои влегоа во коалиција со Заев. Што ќе биде со македонскиот идентитет и македонската држава?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top